Од МВР вечерва потврдија дека се приведени две лица кои се поврзани со пукањето во скопскиот хотел „Александар Палас“, но повеќе детали не откриваат.

Велат дека во тек е опсежна полициска операција.

Изминатото деноноќие полицијата превзеде оперативно такитчки активности со цел расветлување на настанот во „Александар  Палас“. Приведени се две лица кои се поврзани со овој настан и со кои се обавуваат истражни разговори. Со оглед на тоа дека станува збор за опсежна полициска операција која е во тек, во овој момент детали нема да бидат соопштени, велат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.