МВР постапува за изолираните инциденти кои се случија за време на ограничувањето на движењето, соопшти министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во емисијата „10 минути“ на ТВ21.

За орото во Гевгелија, литијата во Струга, инцидентот во Сингелиќ… постапуваме по овие постапки. И секаде онаму каде што имало прекршување, во координација со јавното обвинителство, вршиме идентификација на лицата и ќе постапиме согласно законите, најави Чулев.

Тој исто така коментираше и за момчето кое беше уапсено со кучето, и рече дека тој го кршел ограничувањето, а за постапката при приведување ја испитува внатрешната контрола на МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.