Нефи Усеини денеска бил повикан во полициска станица, потврдија од МВР за „Република“. Со него било разговарано и ќе биде поднесена соодветна пријава.

Имено денеска Советникот Нефи Усеини натепал професор од Универзитетот на Југоисточна Европа. Усеини и нападнатиот професор не се познавале и прв пат се сретнале утрово. Инцидентот настанал поради див приклучок на водоводната мрежа каде е поврзана зградата, чиј претседател на куќниот совет е нападнатиот.

Во неколку месеци, ова е трет напад во кој учествува Усеини. Тој во април нападна инспектор од Скопје, кој сакал да изврши надзор на дивоградбата која ја гради советникот во Општина Охрид. Во јуни пак, Усеини го натепа неговиот колега од советот, Џелал Мена.

Усеини и во минатото бил осуден за кривично дело насилство. Судот еднаш изрекол условна казна, а откако Усеини го повторил делото, тој добил два пати казна затвор од по неколку месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.