Полицијата сѐ уште не го завршила увидот на сообраќајната незгода во центарот на Скопје, каде што возач на „пасат“ претпладнево излета од патот и удри во угостителски објект во зградата позната како „Тифани“. Од МВР за „360 степени“ велат дека возачот бил затекнат на самото место и имал комуникација со полицијата, но засега нема многу детали за причините како се случила несреќата.

„Возачот изгубил контрола над возилото и нема повредени. Засега не можеме да соопштиме други информации“, велат од МВР

Од полицијата, барем во моментов, немаа одговор дали станува збор за приватно или службено возило бидејќи „фолксваген пасат“ е модел на автомобил кој најчесто се користи од страна на државните органи.

Сообраќајката се случила во 6 часот и 30 минути. Маж со возило пасат удрил во ограда од угостителскиот објект во центарот на Скопје. Возачот излегол од автомобилот и си заминал, а колата ја оставил. Нема повредени, а направена е материјална штета.

По неколку часа шлеп служба го подигна возилото, а полицијата извршила увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.