Информациите што ги објави МВР во врска со престрелката во хотелот „Александар Палас“ за Орце Ѓоргиевски од ВМРО-ДПМНЕ е само добро позната фраза на МВР и на Оливер Спасовски дека ќе се работи на разоткривање на сторителите и деталите поврзани со овој случај.

И како и обично претпоставуваме дека ништо нема да се дознае, ниту да се расчисти, како и за сите останати случаи наназад. Тоа говори за спрегата на Оливер Спасовски и МВР и ставањето директно во функција на МВР во функција на криминалот и криминалците во нашата земја. Секаде во светот, буквално секаде во светот, во секоја држава има мафија само овде во Република Македонија мафијата има своја држава. Затоа има еден број, еден куп на нерасчистени убиства во државата, затоа има криминал на ниво на кое што има, затоа има страв и паника кај граѓаните, изјави денеска Ѓоргиевски.

Тој смета дека овој настан е уште еден во низата во кои криминалците слободно и буквално ја земаат правдата во свои раце, слободно меѓусебно се расчистуваат и пресметуваат.

Може притоа жртви да има невини граѓани. Полицијата како и обично спие односно не постапува, тоа не е забелешка кон обичните полицајци, тоа не е забелешка кон оние луѓе кои што се вистински професионалци и чесно го заработуваат лебот во таа служба. Но тоа е забелешка кон оние што ја водат таа структура. Оние кои што не можат да ја дадат, не знаат да ја дадат или пак не сакаат на крајот од денот, да дадат насока за постапување по однос на зачувување на безбедноста и мирот на нашите граѓани, рече тој.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.