Полицијата не го следи кандидатот за градоначалник на Куманово, велат од МВР за Слободен печат. Оттаму изјавиле дека станува збор за редовна контрола на возила и дека законот важел за сите дури и за кумановскиот градоначалник.

Патрола од сообраќајната полиција во Куманово го запрела возилото со кое денеска се превезувал актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски поради непрописно затемнети прозори на возило, информираат од МВР.

Сепак, во врска со денешниот случај во Куманово, МВР известува дека ќе постапи и Одделот за внатрешна контрола.

Во врска со денешниот случај кога е сопрено возило „рено“, управувано од Д.Д., ве известуваме дека Министерството за внатрешни веднаш го вклучи Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди за целосно расчистување на случајот. МВР нема да дозволи било каков притисок, незаконско постапување или злоупотреба на положбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.