Македонските власти односно МВР предводена од министерот Оливер Спасовски од СДСМ издале патна исправа на човек кој отворено се заканувал со одмазда на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Информациите кои ги објавува порталот мкд.мк покажуваат дека и кумот на познатиот српски криминалец Веља Невоља, кој е трет лидер на црногорскиот нарко картел Кавачи поседува македонски пасош со украден идентитет.

Речиси 3 години откако Спасовски станува министер кумот на познатиот Веља Невоља баран со потерница на Интерпол без никаков проблем влегол во Македонија и една полициска станица и завршил експресно работа со македонски пасош.

На 21 ноември 2019 во Скопје пристигнал Радоје Живковиќ, викан Жути, број 3 во црногорскиот нарко картел Кавачи. Тој иако се барал со меѓународна потерница од Интерпол Подгорица за трговија со дрога, во 9.45 часот влегол во некоја од канцелариите на управните служби на МВР поднел барање за македонски пасош, се фотографирал и 5 дена подоцна си го земал македонскиот пасош со украден идентитет на Мустафа Појуков. Македонската полиција дури на 26 февруари 2021 го открила неговиот вистински идентитет.

Според српските и црногорските медиуми, Радоје Живковиќ е братучед на водачот на картелот Кавачи, Радоје Звицер и кум на Вељко Беливук познат како Веља Невоља. Неколку дена по апсењето на Веља Невоља на почетокот на февруари 2021, Радоје Живковиќ преку босанскиот портал „Провјерено” упати директни  закани до партијата на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Според податоците на безбедносните служби, објавуваат српските медиуми, Радоје Живковиќ бил задолжен за координација на активностите на Веља Невоља во Србија, вклучувајќи и подготовки за атентат врз високи политички фигури.
Истрагата на српското обвинителство сѐ уште трае, а Радоје Живковиќ е сѐ уште во бегство користејќи го македонскиот пасош со украдениот идентитет на Мустафа Појуков”, открива мкд.мк во својата информација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.