Вечерва на социјалните мрежи се споделуваше информација дека имало престрелка во населбата Ченто и четири мртви лица.

Од МВР за „Република онлајн“ потврдија дека не добиле пријава за таков настан и ги демантираа гласините.

Дел од порталите вечерва шират лажни вести за наводната престрелка во скопската населба Ченто и дури лицитираат со повеќе убиени. МВР апелира до граѓаните да не наседнуваат на вакви подметнувања и да не веруваат во лагите кои ги пласираат овие портали, туку да се информираат од професионалните медиуми кои објавуваат проверени информации.

Во Ченто вечерва имаше сообраќајна незгода, а не престрелка, како што беше објавена лажна вест, велат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.