Обезбедувањето високи претставници на Владата го вршат полициски службеници од Одделот за заштита на лица и објекти при МВР, од приведените 6 лица во акцијата за која прашувате, К.С.(46) од Прилеп е полициски службеник, а не М.З. од Куманово, вели МВР за „Република“ откако во јавноста се погласно се зборува дека „чистачот со аудито“, личниот телохранител на Трајче Заев бил и обезбедување на висок владин функционер.
Иако МВР потврдува дека лицето М.З. (29) не е полициски службеник, сепак останува сомнежот дека е ангажирано приватно како обезбедување на висок владин служненик.

Во информацијата што МВР ја објави за акцијата изведена во соработка со американската агенција ДЕА, во која беше запленета дрога во вредност од 800.000 евра, меѓу уапсените се наоѓа и М.З.(29) од Куманово.

Како што информираат граѓани на социјалните мрежи, станува збор за лице, кое работело како лично обезбедување на Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев.

Тој бил ПРЕТХОДНИЦА или ЧИСТАЧ во колоната на транспортот на Марихуаната.

Зошто МВР не го објави овој податок⁉️ – прашуваат граѓаните на социјалните мрежи.

Според информации од истрагата М. З. го возело автомобилот „Ауди А8“, што било „чистач“ пред комбето во кое се пренесувала марихуаната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.