Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изрече вкупно 253 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 110 санкции, 16 за возење без возачка дозвола, три за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Изречени се девет санкции за нерегистрирани возила, четири за некористење сигурносен појас, 20 санкции за непрописно паркирање, се вели во соопштението од МВР.

Од МВР информираат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедноста во сообраќајот и посигурни патишта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.