Триесетишест годишниот битолчанец, кој утрово загина откако излетал од патот со возилото, додека одел на работа, односно разнесувал прехранбени продукти во маркети е музичарот Горан Јосифовски, некогашен тапанар во групата ,,Екстра Бенд”.

Естрадата и пријателите денеска се простуваат со него на социјалните мрежи. Горан зад себе ја остави сопругата и малолетни син и ќерка. Беше добар соработник со речиси целата естрада и честа музичка придружба на многу познати пејачи за време на нивните настапи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.