Две лица се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случила утрово околу 03,30 часот во близина на село Пепелиште.

Како што соопшти МВР, А.И.(49) од село Муртино, струмичко управувајќи патничко моторно возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на железничката пруга Криволак – Неготино.

По незгодата на возачот А.И. и сопатникот М.И.(23) од село Муртино, струмичко, во Општа болница Кавадарци, им биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.