Денеска и утре се последните два дена за поднесување барање за амнестија за случувањата од 27 април. Се очекува околу дваесетина од вкупно 33 обвинети да побараа милост од Кривичниот совет сметајќи дека влегуваат во законските одредби и заслужуваат да бидат амнестирани. Барањата до скопскиот Кривичен суд се доставуваат лично или по пошта.
Меѓу првите што побараа амнестија е пратеникот Крсто Мукоски, обвинет дека ги отворил вратите во Собранието по што почна хаосот во законодавниот дом. За разлика од него, Јане Ченто и Игор Југ се изјаснија дека не сакаат милост, туку правда.
Законот за амнестија во четвртокот вечерта беше објавен во „Службен весник“ откако на него стави потпис претседателот Ѓорѓе Иванов. Согласно Законот, амнестијата нема да ги опфати организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје, како и службените лица кои ги пречекорите службените овластувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.