Едно лице е тешко повредено, а друго уапсено во инцидентот што се случил вчера на нива во близина на Кочани.

Според пријавата од Итната медицинска помош од Кочани, околу 19.00 часот, на место викано Горно Подлошко, во атар на с.Тркање, кочанско, по претходно нарушен јавен ред и мир околу наводнување на нива, А.Д. (70) со пиштол пукал кон С.И.(49) од Кочани, по чие кажување бил погоден во стапалото, а потоа бил и физички нападнат од него.

С.И. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар во Кочани.

Полициски службеници од Полициска станица Кочани подоцна вечерта го лишиле од слобода А.Д. и од него одзеле пиштол „застава М70“ кал.7,65мм, празна рамка, куршум и лопата.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од Полициска станица Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.