СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Н.(26) од с.Боговиње, тетовско, поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело „измама’’. На 04.12.2019 во Гостивар, Д.З.(40) од с.Лажани, прилепско, по претходен договор, откупил возило од пријавениот.

На 06.12.2019 во угостителски објект во Тетово се сретнале за да направат купопродажен договор, по што пријавениот му ги оставил сообраќајната дозвола и личната карта и со возилото заминал. После тоа, Д.З. повеќе пати се обидел телефонски да стапи во контакт со пријавениот, но тој бил недостапен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.