Синоќа по 22 часот полициски службеници го привеле лицето Б.И. (28) од с. Синѓелиќ, скопско, поради тоа што претходно со уште едно лице извршиле разбојништво во казино во Скопје.

При приведувањето, кај него бил пронајден пиштол и пари кои биле одземени од казиното.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.