Едно лице го загуби животот денеска околу 15 часот, откако паднало од зграда во Аеродром, во блокот спроти Три бисери.

Како што соопштуваат од МВР, добиле пријава дека станува збор за лице што се фрлило од зграда на булевар „Јане Сандански“ и дека ги утврдуваат начинот и причините за смртта на лицето.

Очевидци на настанот велат дека починатото лице било во близина на зграда, покриено, а полицијата веднаш излегла на терен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.