Обвинителката на денешното рочиште за судењето за убиството на Пино Секондо, влезе во жестока дебата со судијката откако одбраната на обвинетата Ангела Ѓорѓиевска побара одложување на почетокот на судењето за убиството на Пино. Обвинителката Виолета Раичевиќ по денешното рочиште изјави дека од МВР добиле информации дека осомничениот Али Фуркан на 10 мај влегол во земјава, а на 27 му се губи трагата.

Адвокатот на обвинетата Ангела, Еленко Миланов, рече дека поканата за судењето ја добил пред 4 дена и немал време да ја спреми одбраната.
На ова реагираше обвинителката и рече дека секое одложување е на штета на обвинетата. Таа пак се појави во судницата, со ладнокрвен поглед, како да не сторила ништо.

Мајката на Пино видно изреволтирана изјави дека ова веќе наликува на циркус.

На крај излегува дека обвинетата има повеќе право во суд отколку јас. Зошто да се трошат државни пари за судење кога таа веќе има признаено, ова ми делува на циркус, ќе се судиме месеци и месеци за нешто што веќе го има признаено – кажа мајкaта на Пино.

Во изјава за медиумите по одложување на судењето, таа се обрати до медиумите:

Да не бевте вие, немаше да бидеме тука. Тие четири коски што останаа и тие немаше да се најдат. Моето дете го закопав во кутија од 58 сантиметри, на 27-28 сантиметри широчина. Тоа не е тело, тоа се коски- рече изреволтирната мајка на Пино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.