На 20.04.2019 година во 19.40 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза” било пријавено дека кај нив со повреди од сообраќајна незгода бил донесен Ј.М.(82) од Скопје. Во разговор со полициските службеници тој изјавил дека истиот ден околу 18 часот на улица „Маџари” бил удрен од мотоцикл со непознати регистарски таблици, кој го напуштил местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот. рп/

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.