Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово во населбата Радишани, јавува 24 инфо. Според сведочењата на очевидците, едно дете било тешко повредено откако мотоциклист го удрил пред училиштето „Ацо Шопов“ на пешачки пемин.

Дететео ја поминувало улицата, а моторџијата со огромна брзина пролетал на улицата иако имало возило кое стоело пред пешачкиот за да помине детето одело на училиште.

По несреќата мотоциклистот избегал, за да по извесно време се врати на местото на несреќата. Детето е пренесено во болницата Климент Охридски, Градска болница.

Во моментов се врши увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.