Вчера околу 03 часот на крстосницата од бул. „Илинден“ и ул. „Аминта трети“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Хонда„ без регистерски ознаки, управуван од Б.Л.(26) од Скопје и патничко возило „Дачиа Логан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.М. (53) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот Б.Л. и неговиот сопатник А.А.(27) од Скопје. Со возило на итна медицинска помош Б.Л. бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека А.А. бил пренесен во Градската општа болнца „Св.Наум Охридски“.

Двајцата се задржани на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.