Активистката Моника Ристеска, односно Конопова како што самата се претставува, синоќа на социјалните мрежи објави вознемирувачки фотографии како е претепана, од како што тврди, нејзиниот татко Стојан Ристески.

Пред два часа татко ми Стојан Ристески неписмен бездушник и хроничен алкохоличар на ул Антон Чехов 41б во геге, се обиде да ме убие кога тргнав во кујна да земам храна. Ме нападна со тупаници и дрвено столче во глава, ми го скрши носот и ми ја измести вилицата! #семејнонасилство, напиша таа на социјалните мрежи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.