Министерството за здравство од претходно информираше дека момчето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар во Трубарево ќе биде испратено на лекување во странство, а сега е потврдено дека ќе се лекува во најголемиот центар за изгореници на Балканот.
Од Министерството за здравство информираат дека е обезбедено санитетско возило кое треба да тргне во секој момент.

Станува збор за болницата Пирогов во Софија, која има и специјален оддел за детски изгореници.

Од Министерството за здравство информираат дека е обезбедено санитетско возило кое треба да тргне во секој момент.

Голема благодарност до колегите во Софија кои веднаш обезбедија место за понатамошно лекување на детето и му посакуваме побрзо опоравување. Министерството за здравство на Република Северна Македонија и Министерството за здравство на Република Бугарија во месец јануари 2019 година потпишаа Меморандум за соработка. Нашата држава има одлична соработка со болниците во Бугарија – велат од МЗ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.