Синоќа околу 20 часот на магистралниот пат А-3 Велес-Штип, кај с. Кадрифаково – Свети Николе, се случила сообраќајна незгода во која З.М. (56) од Штип , управувајќи товарно моторно возило „Ивеко“ со штипски регистарски ознаки, удрил во пешакот Л.А. (21) од с. Ерџелија – Свети Николе.

Л.А. бил пренесен во Медицински центар Штип каде му се констатирани тешки телесни повреди, по што е пренесен во Ургентен центар Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.