Момче од Кочани, наместо да седи во изолација, организирал забава во својот дом на која присуствувале поголем број луѓе.

Како што информираа од МВР, надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднела кривична пријава против Н.Т. (18) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пренесување заразна болест“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Тој на 17.10.2020 во својот дом во Кочани организирал прослава на која присуствувале поголем број лица, иако бил должен да ја извршува мерката изолација во домашни услови, со издадено решение на 14.10.2020 од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат – соопштија од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.