Синоќа околу 21:30 часот во Полициското одделение Галате било пријавено дека во локал во село Градец, општина Врапчиште, 25- годишниот Б.Х од село Градец физички го нападнал 24- годишниот К.И од с.Градец.

Според пријавеното, Б.Х. со остар предмет му нанел убодна рана на левата рака на К.И..

На К.И. му била укажана лекарска помош во болницата во Гостивар.

Се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.