Ноќеска во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „12“ во с. Арачиново, скопско, А.А. (18) од с. Арачиново бил нападнат со остар предмет од Ј.Б., при што се здобил со повреда на десното рамо.

Според пријавеното, причина за нападот е неодамнешна расправија.

На А.А. му била укажана помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.