Седумнаесет годишно момче од Скопје било прободено со нож во Охрид, за време на концертот на Раста и Маја Беровиќ. Настанот се случил во СРЦ Билјанини извори, во 1.30 часот на 31-ви јули.

Додека се одржувал концертот, внатре во стадионот присутните го забележале повреденото момче, по што истото било префрлено во Општа болница Охрид. Станува збор за малолетно лице, момче на возраст од 17 години од Скопје. Повредата е од остар предмет, односно нож. Се превземаат мерки за расветлување на случајот – информираат од СВР Охрид.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.