Во Полициската станица Аеродром вчера околу 15.05 часот биле приведени А.М.(20) и В.А. (19), двајцата од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка на бул.„Јане Сандански“ и притоа немале документи за идентификација.

Потоа В.А. физички нападнала полициски службеник кој вршел службени дејства.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.