Дваесет и петгодишниот Сејнур Бекири, по потекло од Македонија загина кога автомобилот во кој се возел излетал од патот и се забил во дрво, во местото Кастиџано, кај Анкона во Италија, објави мкд.мк

Бекири загинал на самото место на несреќата, а возачот М.В.(38), кој има лесни повреди, е приведен бидејќи пијан возел и ја предизвикал сообраќајката. Бекири починал, иако итната помош со масажа на срцето се обидувала да го одржат во живот до доаѓање на хеликоптерот со кој требало да биде пренесен во болница во Анкона, пишува италијанскиот портал ilrestodelcarlino.it.

Според познаниците, Бекири вечерта се качил во автомобилот „алфа роео 147“ на М.В., кој денот го поминал пиејчи по кафеани во блискиот град, каде се сретнал со починатиот.Тој го повикал заедно да се вратат во Кастиџано, но возачот излетал од еден свиок и по произгувањето од 30-ина метри удрил во дрво.

По приведувањето М.В. имал 1,6 промили алкохол во крвта. Од друга страна, Бекири не бил пијан, ниту пак практикувал да пие.

На самото место пристигнале 118 карабинери и пожарникари кои го извадиле телото на починатиот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.