Момче на возраст од 17 години починало од убодна рана која му ја задал познаник во Паркот на музиката во Ново Лисиче, ова за жал е сликата со која се соочи неодамна македонската јавност. Дете да усмрти дете. Момче претепано во автобус во Скопје, си ја зел ќерката од училиште со гребаници по лицето..Во полицискиот билтен има барем еден случај дневно пријавен за кривично дело извршено меѓу мелолетници. Според податоците од МВР во Македонија минатата година биле евидентирани 1239 кривични дела сторени од малолетници. Бројките покажуваат дека во главниот град кривичните дела извршени од  деца предничат во споредба со другите градови.  Во 2017 година пак се евидентирани 1584 кривични дела исто така сторени од деца.

Сектори за внатрешни работи

Кривични дела извршени од деца

Деца – сторители на кривични дела

2017

2018

2017

2018

СВР Скопје

521

226

675

329

СВР Битола

106

89

312

110

СВР Велес

72

105

93

180

СВР Куманово

57

62

80

90

СВР Охрид

50

63

71

91

СВР Струмица

43

50

55

72

СВР Тетово

90

135

143

196

СВР Штип

111

103

152

169

Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал

3

2

3

2

Вкупно

1.053

835

1.584

1.239

Според психолог психотерапевт, Мирјана Јованосвска Стефановска за ваквата слика во земјата вината е во сите нас, но и како фунционира опшеството.

Мислам дека вината е во сите нас и како фунционира опшеството. Познато е дека постои можносот и за генетска агресија за која исто така можеме да созадеме поволни услови за развој за справување и од генетско наследство. Потребни ни се згриживачки места, домови… Потребни се закони за менталното  и емоциналното здравје на децата.  Кога ќе се направи чинот и сме закаснале со интервенција, нема назад. Не се предвинедни начини како да се превенира, начини во кои сите ќе бидеме вклучени. Од родители со соодветна едукација, социјалниот дел исто така е многу важен. Институциите не треба само да се грижат за матерјално добро. Треба да се води грижа како тие деца растат во каква средина… Заеднички со децата да се посетуваат советување на секое ниво, образование, труд и социола, здравство… Сите имаме матичен лекар, но немаме матичен психолог.  Комората на психолози дадовме предлог да се предвидат мерки како децата се свесни за своето однесување и кога со мерките на казна да одат и мерки за психолошко однесување, да разберат зошто тоа што го направиле е лошо. Да имаат увид во постапките што ги направиле, вели за „Република“ Јованосвска Стефановска.

Таа смета дека децата се агресивни бидејки растат во таква средина, односно така се одгледани.

Повеќето деца се агресивни бидејки на тој начин се одгледани или научиле од своите родители. Во мачната транзиција родителите, во трка за пари ги оставаат децата сами на себе…интернет, социјални мрежи..дете од пет годнини што бара таму? Важно е времето кое мајката  и таткото го поминуваат со своите деца. Несреќните деца пристапуваат кон незаконските и непожелни агресивни ситуации.  Ова дете што извади нож за да повреди друго дете, другар, реагира на тоа што се случува околу него. Помалку фрустрирани родители, подобар развој на нашите деца, истакнува психолог психотерапевт, Мирјана Јованосвска Стефановска.

Секоја година, околу 1000 деца се во контакт со правосудниот систем како осомничени, сторители, сведоци и жртви на насилство и криминал. Ова го покажува извештајот на Сојузот за превенција на престапништво и малолетничка деликвенција.

Од првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ велат дека кај нив најчесто пријавуваат возрасни лица за извршено малолетничко насилство, загрижени за одредени случувања или сведоци на насилство. Самите деца ретко пријавуваат, според нив тоа се случува од различни причини, поради лична трауматизираност, култура која пријавувањето го смета за поткажување, недоволна запознаеност каде можат да пријаваат итн. Оттаму истакнуваат дека недоволно се работи на превенција и препознавање на насилството и младите се препуштени сами на себе.

Проблемот со малолетничкото насилство е сложен и повеќеслоен, но можеме да кажеме дека како општество потфрламе во повеќе сегменти. Недоволно присуство и посветеност на сопстевните деца од страна на родителите, односно немање увид каде и како децата го помнуваат времето; училиштата ја губат својата педагошка функција; општествено сме фокусирани на теми од дневната политика до таа мера што децата речиси не ги приметуваме; лесната достапност на ладното оружје кај младите се поттикнува со несоодветно реагирање од страна на возрасните и дома и во училиштата без оглед што истото е незаконско; за насилството и влијанието на социјалните мрежи, интернет содржини и насилни игри со младите недоволно или на неадекватни начини се дискутира итн, кажа за „Република“ Ана Битољану.

По овие апели се поставува прашањето дали училиштата ги игнорираат агресивните однесувања на учиниците?

Ние како образовен кадар се обидуваме да ги насочиме децата кон вистинските вредности во животот. Сме биле сведоци на агресивно однесувања меѓу соученици, но тоа било решено на најдобар можен начин, разговор со ученици, родители, психолог..ретки се тие случаи за среќа. Сепак проблемот со лошото однесување на едно дете не потекнува од средината во која се образува тука големо влијание имаат и дружбите надвор од училиштето, интернетот, па и родителите, ни изјави професор во разговор кој сакаше да остане анонимен.

Денеска згacна животот на мојот син единец. Прерана и насилна cмpт за ангел кој уште не ја достигна ширината на неговите крилја – напиша на социјалните мрежи мајката на убиеното младо момче од Ново Лисиче. Зборовите на оваа мајка нека бидат јасна порака до инстуциите, општеството…неопходно е да се зајакнат превентивните мерки, делување во пракса, а не само на хартија.

 

 

 

 

.

 

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.