Вчеравечер во 21.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Св.Климент Охридски“, ул.„Димитрија Чуповски“ и ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.И.(26) од Скопје, удрило во пешакот С.З.(33) од Скопје.

Во незгодата С.З. се здобила со тешки телсени повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.