Полициски службеници од Одделение за криминалистички работи Кисела Вода при СВР Скопје ја лишиле од слобода В.М.(35) од Охрид.

На 02.03.2022 во 18.54 часот Е.О.(24) од Скопје, информираа денеска од МВР, пријавила дека во 17.32 часот пријавената поднела електронска апликација за кредит во финансиско друштво од Скопје на подрачје на Кисела Вода, а подоцна направила обид за подигање на пари со туѓа лична карта на починато лице, со што сторила кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“ казниво по член 249 од Кривичниот законик.

Лицето е задржано во Полициска станица Кисела Вода и по извршениот разговор, В.М. го признала делото.

За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.