Вчера наутро во 06.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосницата на кружен тек од бул.„Туристичка“ со ул.„Јане Сандански“ во Охрид, С.С.(21) од Куманово управувајќи патничко возило „опел“, со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола и удрила во метална канделабра.

Во незгодата С.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“, а сопатничката Ј.Д.(21) од Куманово се здобила со телесни повреди, константирани во Општата болница Охрид.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.