Вчера во 22 часот и 08 минути, пријавeнo e во ЕИК дека на Кеј на река Вардар кај Галијата, женско лице се фрлило во реката.

Од страна на УПС женското лице е извадено од реката под мостот на Железничка станица Скопје, по што е префрлено во Градската болница Свети Наум Охридски каде и е пружена медицинска помош.

Се работи за 22- годишната Ф. Н, објави МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.