Почина дваесет и седумгодишниот Р.В., осуденик во Казнено – поправната установа Затвор Идризово.

Како што сооппшти МВР, вчера попладне во 17.50 часот било пријавено во СВР Скопје од Итна медицинска помош дека починал Р.В.(27).

Според пријавеното, поради влошена здравствена состојба Р.В. со возило на затворот бил пренесуван кон болница, но по пат починал во возилото.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.