Вчера околу пладне на ул. „Тодор Циповски – Мерџан“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле Џ.Б. (19) од тетовското село Отушиште, осуден на казна затвор за сторени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“.

Џ.Б. бил предаден во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.