Триесет и едногодишен скопјанец починал откако во него синоќа удрил воз додека се движел на пругата пред надвозникот на бул. „Србија“ во Скопје, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Во СВР Скопје синоќа во 2 часот било пријавено дека на железничката пруга пред надвозникот на бул.„Србија“, воз кој сообраќал на релација Битола – Скопје удрил во пешак Н.М.(31) од Скопје, кој што починал на местото на настанот. Смртта ја констатирал лекар.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. Известен е јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.