Млад скопјанец загина во сообраќајната несреќа што се случи вчера попладне кај Хиподром.

Како што соопшти МВР, во 16.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје, во близина на клучка Хиподром, товарно возило „фиат фиорино“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(31) од Скопје, излетало надвор од патот. На местото на несреќата починал Д.Ѓ., а смрт констатирала екипа од Итна медицинска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.