Синоќа околу 20 часот на крстосница од булеварот „Словенија“ и улицата „Качанички Пат“ во Скопје, С.С. (22) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, удрил во метален столб.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ф.Д. (24), а со телесни повреди се здобил возачот и биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.