Во петокот полициски службеници од Eдиницата за недозволена трговија при СВР Скопје го привеле Ф.П. (25) од Скопје затоа што при претрес во неговиот дом во централното градско подрачје, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, пиштол „ЦЗ“, ловна пушка, две рамки од огнено оружје и куршуми.

Извршен бил претрес и во домот на неговиот татко во населбата Црниче и била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.