Синоќа околу 23.30 часот, преземајќи сообраќајни мерки на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, запрено е патничко возило „форд фокус“ со гостиварски регистарски таблици, што го управувал 22 – годишниот гостиварец С.К, а во кое имало уште две лица.

По запирањето, возачот наеднаш го стартувал возилото и со отворената совозачка врата удрил еден од полициските службеници. С.К. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.