Ноќва 02.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода Б.Н.(27) од гостиварско Калиште затоа што претходно се заканувал на персоналот и обезбедувањето во Ургентното одделение при Медицински центар Гостивар.

Како што соопшти МВР, тој бил приведен во Полициска станица Гостивар и по целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.