Младо момче од Гевгелија загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи ноќба околу 00,50 часот на патниот правец Стар Дојран-Нов Дојран.

Како што соопшти МВР, патничко моторно возило „опел мерива“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од И.М.(20) од Гевгелија, излетало надвор од коловозот.

Во незгодата на местото на настанот починал сопатникот И.П.(19) од Гевгелија, а со повреди се здобиле И.М. и сопатникот В.С.(19) од Гевгелија констатирани во Општата болница Гевгелија.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.