Миле Јанакиески е жртва во предметот за „случувањата пред Општина Центар“, вели неговиот адвокат Еленко Миланов. Тој прави споредба со предметите кои се водеа изминатите неколку години против „шарените“ кои завршија или со ослободителни пресуди или пак со повлекување на обвиненијата.

Според казнена и редовна судска постапка не би требало да има ништо повеќе од условни казни во предметот. Но, моментот за политички реваншизам на некакво покажување на моќ и сила, може да доведе до поинаква одлука. Не исклучувам ниту една можност, затоа што ако зборуваме зареални услови и докази, поголемиот дел од обвинетите треба да добијат ослободителна,а не воопшто да зборуваме за вид и висина на казна-вели Миланов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.