Адвокатот Еленко Миланов на денешните завршни зборови на случајот „Талир 2“ се осврна на намерата на обвинителството договорот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и АД Бетон за соинвеститорство да го претстави за ништовен.

Како е тоа можно кога истото тоа обвинителство даде согласност АД Бетон имотот да го впише како нивна сопственост. Ако договорот е ништовен за едната договорна страна, ништовен e и за другата – укажува Миланов.

Тој потсети на исказот на сопственикот на АД Бетон Минчо Јорданов даден во судот дека постои предмер-пресметка за објектот и дека тaa е предаден во Обвинителството.

Пресметките покажале дека Бетон требало да има чиста добивка од 5 милиони евра, откри Миланов.

Предмер пресметката е законски документ што се доставува со барањето за одобрение за градба – потсетува адвокатот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.