Сашо Мијалков е вратен во притворот во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако бил завршен очниот преглед во болницата „Аџибадем Систина“ на одделот за офталмологија.

Екс-директорот на УБК со дозвола на Кривичниот суд бил испратен на преглед во 16.30 часот во клиничката болница Аџибадем Систина, а веќе во 17.30 бил вратен назад во истражниот затвор.

Мијалков се жалел на проблеми со очите и црвенило, па адвокатите барале да му бидат направени испитувања на очниот оддел во приватната клиника.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.