Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков кој е во притвор во затворот во Шутка бил однесен на преглед за очите во приватната болница „Систина“, потврди за „Фокус“ директорот на затворот, Филип Андов. Андов вели дека Мијалков бил однесен на преглед во „Аџибадем Систина“ на Офталмологија на барање на неговите бранители, а со одобрение на Кривичниот суд.

Претходно „А1он“ пренесе дека неофицијално, Мијалков се жалел на проблеми со очите и црвенило, па адвокатите барале да му бидат направени испитувања на очниот оддел во приватната клиника.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.