Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, денеска се појави во Кривичниот суд Скопје за да присустува на  судењето за „Плацевите на Водно”. Тој отсуствуваше на минатото рочиште бидејќи се наоѓаше во изолација по позитивен тест за Ковид-19.

Пред 10 дена, на 14 јануари беше објавено дека Мијалков е позитивен на Ковид-19. Решението за изолација од државниот санитарен инспекторат е издадено на 10 јануари.

Пред да влезе во судницата Мијалков беше прашан од новинарите „кој е рецептот за милионите”, алудирајќи на неговата гаранција од 11 милиони евра. Мијалков пак одговори дека нема рецепт.

Немам таков рецепт, рече Мијалков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.