Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков е позитивен на Ковид-19. Мијалков е во изолација од 10 дена, која може да се продолжи доколку тој има симптоми на вирусот.

Решението за изолација од државниот санитарен инспекторат е издадено на 10 јануари.

И адвокатите Петар Василевски, Гоце Ристевски и Гордана Нацева се позитивни на вирусот.

Поради ова, денеска во Кривичниот суд се одложи рочиштето за предметот Плацови на Водно. Ова беше прво закажано рочиште откако Мијалков пред нова година беше пуштен на слобода, односно му беше укинат притворот со гаранција од 11 милиони евра, а со слична сума пред Божиќ беше пуштен и бизнисменот Орце Камчев.

И на двајцата им се суди за Плацовите на Водно.

Судијата Илија Трпков наредното судење го закажа за 24 јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.